|
Како да ја почнам оваа приказна? Со кој збор да почнам да пишувам за еден лажливец кој ме уништи полека, но сигурно. Ја зеде целата надеж, целата среќа за подобро утре, ми ги зеде насмевките, го избриша зборот „весела“ пред моето име? Како можеше да немаш ни трошка човечност во себе? Како можев јас толку многу да се излажам? Но ете, се случи тоа, ти си замина, а јас останав да се борам со солзиве кои полека паѓаат врз моето лице, се трудат да ја излечат оваа рана што ми ја зададе, но безуспешно. Каде исчезна таа лицност во мене која се будеше за да верува во среќа? Сега се будам со желба повторно да заспијам, за да не се сеќавам, за да не чувствувам, за да не тагувам по некој што едноставно не заслужува, некој што безмилосно ме лажеше, ме понижуваше пред другите, а мене ми велеше дека ме сака. Каква љубов е тоа? Љубовта е прошка, љубовта е заеднички оган, љубовта не се зборовите „да јас сум виновникот“. Како да продолжам сега? Не ми треба мојата добрина, ми треба твојата љубов, твоето внимание, зошто да сум добра кога добрината низ солзи ја пролевам, бидејќи тоа ми остана, само солзите. Но да знаеш дека сè се врти во животот. Ќе се сврти се и крај тебе и тебе некоја ќе те сака како ти мене што ме сакаше - никако. Бидејќи ти мене не ме сакаше, зад мој грб постојано ме изневеруваше, вешто се криеше, можеби и ме сожалуваше? Ја сожалуваше онаа девојка која потајно веруваше во тебе, онаа која не се лутеше, онаа која секогаш мораше се да разбере? Не помисли ли бар за момент како ми е мене сега? Како да излезам сега од овој хаос во мојата душа? Како да го избркам овој немир кој се всаде во моето срце. Како да ги избркам спомените во мојата глава кога тивко полека ми шепотеше дека ме сакаш? Како сега за замижам и да замислам дека никогаш тоа не се случило? Но да знаеш уште едно: сега јас си заминувам од тебе. Ќе ја исполнам желбата, нема да ме гледаш, ниту ќе те побарам пак. Живеј го својот скитнички живот, ти ја давам приликата, најди ја среќата во оние „девојки“ кои се согласуваат да ја поминат ноќта со тебе на пијано. Но крај нив никогаш нема да пронајдеш топлина, ниту разбирање, ниту прошка. За нив ќе бидеш тоа што бев јас за тебе... ништо. Само случаен патник кој случајно заскитал, и кој се заборава. Можеби тоа е твојот рецепт за среќа?! Ќе си одам, скршена, но сепак со крената глава, бидејќи ти си тој што не може да ме погледне во очи. Ти си тој кој би требало да се срами од тие зборови кажани за мене. Ти си тој што лаже. Ќе престанам да ти бидам платно на кое со моите солзи ја сликаш среќата. Никогаш повеќе нема да бидам истата твоја девојка која се смееше, која те гледаше со љубов, која несебично ја земаше, а ништо не враќаше. Сега останува зборот збогум, оној проклет збор кој морам најпрвнин себеси да се принудам да го кажам. Да кажам дека е крај. Слушни ме срце мое, заборави го оној кој те скрши на милион парчиња. А, вие драги случајни читатели кои одвоивте време да ја прочитате оваа тажна приказна, помогнете му на ова скршено срце, кое моли само за едно, за љубов!
|